Видео/Аудио
За Скопје

|
|
Saturday, 28 March 2009 |
|
Една група Македонски студенти мирно
протестираше против градењето на православна црква на градскиот плоштад во
Скопје. Друга група Македонци, вклучувајќи и верски претставници, протестираше
против првата група. Втората група ја навредуваше првата група со гласни извици
"ШИПТАРИ, ШИПТАРИ". На
крај, втората група физички ја нападна првата група и протестите завршија со
физичка пресметка. Ниту СДСМ ниту ВМРО ДПМНЕ не ги осудија овие
ултранационалистички изливи во центарот на Скопје.
Уште
по вознемирувачки од самото насилство е сатанизирањето на Албанците од страна
на нивните сограѓани кое што сега се имплементира на многу софистициран начин
во полето на културата, културното и духовно наследство и во спортските арени. Мислевме
дека сатанизирањето на Албанците заврши во минатата декада со паролите "Гасни
комори за Албанците" и "Мртов шиптар добар шиптар".
Вчерашниот
инцидент ја потврди крајната албанофобија на дел од нашите Македонски сограѓани.
Оваа црква се гради со средствата на даночните обврзници, вклучувајќи ги и
Албанците, Турците, Босанците, Ромите, Македонските Муслимани, кој што ја
сочинуваат половината од населението. Која Џамија е изградена со буџетски пари?
Уште поскандалозно е што оваа црква се гради врз спомен плочата за домот на
Албанската Нобелистка Мајка Тереза.
Од
друга страна, Владата ја помести куќата на Мајка Тереза, гради православна
црква на нејзиното место, одбива да ја изгради Бурмали Џамија, инаугурира десетици
градби само со благослов на православната црква дури и над темелите на Ибни
Пајко Џамијата. Ова крајно игнорирање е многу силна порака кон граѓаните кој
што не се Македонци и не се Православни. Домот на филхармонијата, националната
библиотека, многу улици, училишта, спортски сали, идр, ќе ги посетуваат само
Православните Македонци?
На
моноетничките проекти, како што беше законот за наталитет, им кажа СТОП дури и
Уставниот Суд додека граѓаните го осудија насилството и етничките смени во
Струга, но за жал Владата ги игнорира сите напори за градење мултиетничка,
мултиконфесионална и мултикултурна држава.
Ние,
разбудените Албанци од Скопје и набргу од цела Македонија ги осудуваме најостро
овие акти и ги покануваме сите организации на цивилното општество, исламската верска
заедница, католичката црква, интелектуалците, универзитетските професори,
студентите, идр, гласно да се спротистават на оваа дискриминирачка кампања на
Владата.
|
|
Monday, 02 March 2009 |
|
Nie, pretstavnicite na albanskoto gra|ansko op{testvo,
mediumite, intelektualcite i univerzitetskite profesori, re{eni sme na
lokalnite i pretsedatelskite izbori na 22 mart da ja doka`eme na{ata
demokratska zrelost na gra|anite na Makedonija kako i da ja potvrduvame
povtorno na{ata re{enost, voqa i potrebniot kapacitet na gra|anite i
politi~kite partii za odvivawe na izbori soglasno me|unarodnite standardi.
Na kraj, apelirame da
interesite na politi~kite partii najzad da po~nat da se identifikuvaat so
nacionalnite i univerzalnite ~ovekovi vrednosti, so `elbata za napreduvawe,
red, kultura i soglasno so zapadnite vrednosti. |
|
Thursday, 26 February 2009 |
|
Одлуката
на Уставниот Суд да се дозволи изградба на православна црква на Скопскиот
плоштад врз темелите на куќата на Мајка Тереза претставува уште една потврда за
крајната партизација на сите институции во државата и со жалење констатираме
дека се реализира сценариото против кое ние постојано ја алармиравме јавноста. Инагурацијата на еден меморијален центар за Мајка
Тереза беше продолжение на тенденцијата за уништување на Албанскиот елемент од
центарот на Скопје и да се дозволи градење на православна црква врз темелите на
куќата на Мајка Тереза со конечното изместување на истата од аутентичната
локација.
Уставниот Суд мора да го има
предвид секуларниот карактер на државата, наведен во Уставот на РМ, и да не
дозволи мешање на државата во вакви прашања и посебно да не дозволи градење на
култни објекти со средства на даночните обрврзници кои што се собираат и од
луѓе со други верски убедувања.
Овој проект, заедно со поставувањето на многуте споменици на плоштадот,
претстаува алармантно продолжение на македонизирањето на државата врз грбот на
Албанците и другите кои што живеат во државата.
Затоа, сметаме дека овој чекор, заедно со спомениците и македонизирачката политика на државата е
апсолутно неприфатлив и ги повикуавме сите Албанци и други граѓани да ги осудат
овие акти на сегрегација врз основа на етничка припадност и во ниту еден случај
да ни ги прифатат овие дезинтегрирачки активности.
На крај, ние ќе ја
алармираме меѓународната заедница во Македонија, светата столица во Ватикан, но
и Вашингтон и Брисел за оваа политика на уништување на мултиетничкиот,
мултирелигиозниот и мултикултурен карактер на државата преку македонизирањето и
ќе побараме од нив да ја оббранат нивната како и Албанска долгогодишна
инвестиција за мултиетничка држава, аспирант за целосна евроатлантска
интеграција. |
|
Tuesday, 03 February 2009 |
|
По повод првата годишнина на независноста на Република Косово, Граѓанското Движење РАЗБУДИ СЕ! Скопје има чест да ве покани на свечена академија во Понеделник, 16 Февруари 2009, 19:30 часот, Албански Театар, Скопје.  |
|
Прочитај повеќе...
|
|
Thursday, 04 December 2008 |
|
Граѓанското Движење ЗЏОХУ! Скопје има чест да ве покани на интерактивна дебата за животот и делото на Мајка Тереза по повод годишнината на доделувањето на Нобеловата награда за Мир на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза.
Почестени сме што наши панелисти ќе бидат: Дон Луш Џерџи, долгогодишен близок соработник на Мајка Тереза, Антон Серечи, публицит и Алма Бејтулаху, правнука на Мајка Тереза. 
Дебата ќе се оддржи во СРЕДА, на 10 Декември 2008 во 13:00 часот во салата на Општинскиот Совет на Општина Чаир (во зградата на општината). |
| | | << Почеток < Предходно 1 2 3 4 5 6 7 8 Следно > Крај >>
| | Резултати 1 - 7 од 51 | |
Инфо Блок
Канцеларијата на ZGJOHU! се наоѓа во Старата Скопска Чаршија. Кликнете на мапата за полесно да ја најдете канцеларијата на ZGJOHU! 
Дијалог со Разбуди Се!
ЕУ за Разбуди Се!

|